Top Sport

Вијали: Јувентус тешко до титулата оваа сезона

Џанлука Вијали смета дека неговиот поранешен клуб Јувентус го очекува многу тешка сезона, во која одбраната на титулата во Италија ќе биде најтешка досега.

„Бјанконерите“ имаат девет титули во низа во Серија А, и сега Андреа Пирло во својата прва тренерска работа има задача да стигне до „десетка“, откако минатата сезона победија со само еден поен пред Интер, и пет пред Аталанта и Лацио.

„Мислам дека оваа сезона ќе биде многу тешка за Јуве, и тоа не само поради промената на тренерот. Се работи за психолошки притисок. По девет години и другите најдоа контра-мерки. Во Јуве мораш да тренираш како никогаш да не си победил и да играш како никогаш да не си загубил. Но, сега и другите се подготвени. Не знам кој ќе биде шампион, но ќе биде многу, многу потешко“, вели Вијали во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top