Според италијанскиот весник „Ла република“, Џанлука Вијали, легендата на Сампдорија, Јувентус и Челси ќе помогне во продажбата на Самп на американски инвеститори.
Сопственикот на тимот Масимо Фереро неодамна најави дека сака да го продаде тимот од Џенова, и според „Ла република“, тој ќе се сретне во среда со американскта групација, а со него ќе бидат потпретседателите Паоло Фиорентино и Антонио Ромеи, но и Вијали, кој бил главен контакт меѓу двете страни.
Вијали би станал претседател на клубот или менаџер кој би ја претставувал американската компанија.
Фереро сака да добие најмалку 100 милиони евра за италијанскиот прволигаш. Фиорентино, неговиот потпретседател, кој беше именуван пред неколку недели, беше главниот човек кој го договори преземањето на Рома од страна на Џејмс Палота во 2014 година.