Top Sport

Колку екстра добиваат Федерер, Ѓоковиќ и Надал за настап на турнирите?

Нее тајна дека помалите АТП турнири (АТП 250, АТП 500) или егзибициските турнири даваат дополнителни пари на главните ѕвезди да настапуваат покрај вообичаениот награден фонд.

За време на Монпелје опен оваа недела, експертите на „Евроспорт“ Арну ди Пасквале и Беноа Мајлин истражуваа за тоа колку големата тројка (Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ) добива.

Според нив, Швајцарецот „вреди“ 1 милиони евра. Минатата година од помалите турнири тој играше на Штутгарт опен и на домашниот Свис Индорс во Базел, а сега е обврзан за настап во Дубаи. Во 2018 Федерер играше во Ротердам без оваа сума бидејќи реши да настапи два дена пред да се одреди ждрепката. Според експертите на „Евроспорт“, Ѓоковиќ добива повеќе од главните ривали.

„Надал и Ѓоковиќ чинат околу 800.000 евра. Надал е поевтин, исто како и Ѓоковиќ, но тие двајца за разлика од Федерер не ги полнат стадионите. Ако го имате Федерер во распоредот, тогаш билетите се распродадени“, вели Мајлин.

Во 2015 година, Надал доби 500.000 евра за да настапи на Германскиот опен во Хамбург добивајќи вајлд-карта неколку недели пред турнирот. Во Хамбург немаше врвни тенисери и организаторите решија да направат економска одлука и тоа им се исплатеше, стадионот беше полн, а Надал го победи Фабио Фоњини во финалето во два сета.

Scroll to Top