Top Sport

Вијали за животот со рак: Не е битка, туку патешествие

Легендата на Сампдорија, Јувентус и Челси, Џанлука Вијали вели дека неговата борба со ракот не ја сфаќа како битка, туку како патешествие кое помогнало да стане тоа што треба, но предупредува дека корона вирусот ќе има огромно емоционално, морално и економско влијание на Италија.

Во интервју за весникот за „Ла република“, поранешниот напаѓач признава дека е почувствителен на корона вирусот поради неговиот рак со кој се бори веќе две години.

„Сега сум добро. Во декември завршив 17 месеци хемотерапија, еден циклус од осум и еден циклус од девет месеци. Беше тешко, дури и за некој кој е цврс како јас, физички и ментално. Тестовите покажаа дека болеста не е вратена. Среќен сум, тоа што го вратив здравјето значеше дека повторно можам да се погледнам во огледало, дека не морам да си цртам веѓи. Помислувам на тие кои ги носат во болница да умрат сами, без своите најблиски поради заразата. Тоа е страшно и ќе остави големи лузни на земјата, емоционални, морални и економски“, вели Вијали.

Тој додава дека сочувствува за тие кои се борат со КОВИД-19 и за здравствените работници, бидејќи и самиот знае какво е искуството.

„Во мојот случај, не се работеше за битка, туку за патешествие, за можност за погледнување навнатре. Ќе го поминев тоа и без болеста, но тоа се случи и морав да ги искористам. Ми помогна да бидам тоа што сум. Се бориш со стравот од смртта со твоите желби и твојата љубов. Ќе биде прекрасно кога спортот и фудбалот ќе се вратат, бидејќи емоциите ќе ни го вратат животот. Се надевам дека ќе имаме подобра иднина“, додава Вијали.

Scroll to Top