Вердер Бремен и Баер Леверкузен се подготвуваат за своите најважни мечеви од сезоната од Бундеслигата, откако на „зелените“ им се заканува прво испаѓање од Бундеслигата од 1980, додека за Баер има важен меч за обезбедување на пласман во богатата Лига на шампиони.
Пред последното коло од сезоната, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг имаат обезбедно три од четирите места за ЛШ, а Леверкузен беа во совршена позиција за четвртото место пред шокантниот пораз од Херта (2:0) во саботата.
Ова го искористи Борусија Менхенгладбах да ги помине на четвртото место со 62 поени, два пре Леверкузен, кои сега ќе мораат да ги победат Мајнц во сабота и да се надеваат дека Гладбах нема да победи дома против Херта.
„Во сабота имаме само една цел – да ги победиме Мајнц. Тоа ќе ги постави Гладбах под притисок“, вели фудбалерот од средниот ред Надим Амири.
Ситуацијата е далку покритична за четирикратните шампиони Вердер, кои играат со Келн. Вердер имаат најмногу сезони во Бундеслигата, но во сабота дури и со победа нема да биде доволно да се симне Фортуна Диселдорф од местото кое обезбедува плејоф за опстанок. Вердер имаат 28 поени на 17. место, два помалку од Диселдорф.