Top Sport

Виктор Мосес во Интер

Нигериецот Виктор Мосес кариерата ќе ја продолжи во Серија А. Мосес е играч на Челси кој сезонава ја започна како позајмен играч во Фенербахче. Иако во Турција требаше да остане до крајот на сезоната „сините“ решиле да ја прифатат понудата од Интер.

Челси и Интер ги договориле деталите околу позајмицата, претпладнево тој ги минал лекарските прегледи и се очекува до крајот на денот да го стави својот потпис на договорот.

Антонио Конте тренерот на Интер добро ги знае квалитетите на Мосес. Нигериецот беше еден од клучните играчи во формацијата 3-5-2 која ја форсираше Конте во шампионската 2017/2018 со Челси.

Инаку Интер покрај Мосес до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го донесе од Челси и напаѓачот Оливие Жиру, додека до крајот на неделата се очекува да ја официјализираат соработката со Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Scroll to Top