Статистички најдобриот голман во историјата на Барселона, Виктор Валдес, се врати на „Ноу Камп“.
Клубот соопшти дека Виктор Валдес ќе биде тренер на тимот до 19 години. Поранешниот голман потпишал едно годишен договор.
Виктор Валдес во фудбалска пензија е веќе две години, а кариерата ја заврши во Мидлзброу.
Валдес беше дел од најславната генерација во историјата на Барселона, со „блауграна“ тој има освоено 21 трофеј.