Top Sport

Вила го декласираше Евертон со три гола во второто полувреме

Астон вила им го нанесе првиот пораз на Евертон во новата сезона, триумфирајќи со 3:0, со што „карамелите“ пропуштија шанса да се израмнат со градските ривали Ливерпул на првото место на табелата.

Мети Кеш во 66. минута имаше фантастичен соло-пробив за да ги донесе Вила во водство, за само три минути подоцна, Лукас Дињ да си постигне автогол, пред во 75. минута, новото засилување на клубот од Бирмингем, Јамајчанецот Леон Бејли да го постигне својот првенец за клубот за убедлив триумф.

Scroll to Top