Top Sport

Виљареал во Португалија ја најде замената за Јоргенсен

По заминувањето на Филип Јоргенсен во Челзи, Виљареал најде нов голман.

Станува збор за Луиз Жуниор, до неодамна голманот на португалскиот Фамаликао.

Овој Бразилец има 23 години, а изминатите три сезони беше стандарден на голот на португалскиот прволигаш.

Тој потпиша шестгодишен договор со Виљареал, а вредноста на трансферот е десет милиони фунти.

Да потсетиме, шпанскиот клуб неодамна го продаде 22-годишниот Филип Јоргенсен на Челзи за 20,7 милиони фунти.

Scroll to Top