Top Sport

Вилаш-Боаш: Не се враќам во Премиер лигата, тој фудбал не е за мене

Поранешниот тренер на Челси и Тотенхем, а сегашен прв човек на Марсеј, Андре Вилаш-Боаш вели дека нема желба да се врати во Премиер лигата, бидејќи англискиот стил на фудбал не одговара на неговата фудбалска филозофија.

Португалецот вели дека го почитува англискиот фудбал, посочувајќи дека Премиер лигата е најдобра лига во моментов, но додава дека тој приод кон спортот не му одговара.

„Нема да се вратам таму, тоа е сигурно. Тоа е шампионатот со најмногу инвестиции, со најдобри фудбалери и тимови. Но, јас сакам лига со поинаква филозофија, каква што нема во Англија“, вели Вилаш-Боаш.

Тој беше именуван за тренер на Челси во јули 2011 година откако го предводеше Порто до тројната титула од Португалскиот куп, португалската лига и Лига Европа во првата сезона како менаџер. Вилаш-Боаш претходно работеше на „Стемфорд бриџ“ како скаут под Жозе Мурињо, а беше отпуштен во март 2012 по само 40 натпревари, по што „сините“ беа шести во Премиер лигата, но го освоија трофејот од Лигата на шампионите под Роберто ди Матео.

Тоа лето тој беше промовиран во тренер на Тотенхем, и ги предводеше до петтото место во првата сезона, пред да биде отпуштен во декември 2013 по 5:0 домашниот пораз од Ливерпул. Откако замина од Англија тој беше тренер на Зенит Санкт Петерсбург во Русија и Шангај СИПГ во Кина, пред минатото лето да биде ангажиран во Марсеј, со кои има 19 победи во 33 меча, со што тие се на второто место на табелата со 12 поени помалку од ПСЖ, но седум пред Лил на четвртото место.

Scroll to Top