Top Sport

Вилаш-Боаш се потсмева со Тухел: И ти играше лото против Аталанта

Тренерот на Марсеј, Андре Вилаш-Боаш откри што си кажале со тренерот на ПСЖ, Томас Тухел по бурната 1:0 победа на Марсеј во „Ле класик“ во неделата, признавајќи дека се потсмевал со нивниот неуспех да стигнат до титулата од Лигата на шампионите.

„Што си кажавме? Обични навреди – ти си гомно, не ти си гомно… Тој ми кажа дека вечерва играв лото, јас му кажав дека и тој играше лото против Аталанта во ЛШ. Фер, нели? Го почитувам тоа што го прави“, вели Португалецот.

Тој посочува на четврт-финалето против Аталанта во август, кога на ПСЖ им требаа два гола во судското продолжение да стигнат до 2:1 победа.

„Очигледно ПСЖ ја сакаат Лигата на шампионите, бидејќи не можеш да инвестираш 1.5 милијарди долари и да не го освоиш купот. Карло Анчелоти беше, па сега е во Евертон. Унаи Емери беше, сега е во Вилјареал. Тие чекаат ЛШ“, додава Вилаш-Боаш.

Scroll to Top