Вилијан не се обидува да примора трансфер од Челси, туку има проблеми со пасошот кои наскоро ќе бидат решени, веруваат во лондонскиот клуб откако Бразилецот не се појави на стартот на тренинзите со клубот слично како другите фудбалери кои настапуваа на Мундијалот во Русија.
Според „Тајмс“, Бразилецот требал да се јави на работа уште во петокот, кога се зголемија шпекулациите дека Реал Мадрид понудија 65 милиони фунти за него. Од Челси се сигурни дека по обновата на пасошот, тој ќе се врати во Лондон уште денеска, така што најверојатно нема да биде подготвен за пријателскиот меч против Арсенал во среда, но ќе биде во составот за дуелот од Комјунити шилд против Манчестер сити во текот на викендот.
Самиот Вилијан ги демантираше шпекулациите дека сака да направи трансфер во друг клуб.
„Среќен сум во Лондон и во Челси“, изјави Вилинан за бразилскиот весник „О Глобо“.