Top Sport

Вилја и Иниеста со фантастични голови во Јапонија (видео)

Шпанските фудбалски ветерани Давид Вилја и Андрес Иниеста постигнаа по два гола за Висел Кобе да стигне до 5:3 победа над Нагоја Грампус во Џеј-лигата.

Вилја го отвори резултатот со својот осми гол оваа сезона во 27. минута, за Иниеста да го врати водството на 2:1 во второто полувреме откако Рјуџи Изуми израмни за гостите. Казуја Мијахара повторно го израмни резултатот, пред Иниеста во 69. минута со гол од пенал да ја врати предноста на Кобе.

Нагоја успеа уште еднаш да израмни, пред Вилја со втор гол од пенал на 15 минути пред крајот да постави 4:3, а Кеиџиро Огава да ја запечати победата.

Иако го имаат еден од најскапите тимови во лигата, Висел Кобе имаат само шест победи оваа сезона, 3 ремија и 8 порази и се на 11. место во Џеј-лигата.

Scroll to Top