Top Sport

Вилјареал го потопи Атлетико, недостатокот на линиската технологија кобен за домаќините!

Вилјареал стана еден од четирите шпански клубови кои имаат две победи во првите две кола на Ла лига, откако стигнаа до 2:0 победа на тешкото гостување на „Сивитас Метрополитано“ кај Атлетико Мадрид, кои сметаат дека се оштетени, откако нивниот израмнувачки гол во финишот на мечот не беше признаен, иако снимките покажуваа дека топката ја помина гол-линијата.

Слабата иницијатива на домаќините беше казнета во 73. минута, кога по грешката на одбраната на Атлетико, тинејџерот Јереми Пино лесно го совлада Јан Облак.

Најконтроверзниот момент дојде во 79. минута од мечот, кога имаше вистинска мешаница пред голот на гостите, а Јаник Караско сметаше дека ја смести топката во мрежата, која Херонимо Рулји ја извади од самиот гол. И покрај протестите, ВАР реши да не се признае голот. Во 97. минута од мечот, по постојаните напади на „рохибланкос“, Жерардд Морено стави точка на мечот со вториот гол.

Scroll to Top