Фудбалерите на Вилјареал попладнево успеаја минимално со 1-0 да го совладаат на свој терен „фенерџијата“ во Ла Лига, тимот на Хетафе.
Стрелец на единствениот погодок за домашните беше Тригерос уште во 10 минута, на асистенција на Алкасер.
Домашните фудбалери постигнаа и втор гол во 42 минута, стрелец беше Алкасер, но судиите го поништија по ВАР асистенција.
За „жолтата подморница“ ова беше прв триумф во Ла Лига по пауза од еден месец. Последен пат совладан беше Бетис на 3. октомври.
По 12 одиграни кола Вилјареал е на 12 позиција со 15 бодови, додека Хетафе е на дното со само 6 поени.