Top Sport

Виљареал го совлада Валјадолид за прогрес во врвот на Ла лига (видео)

Виљареал попладнево со 2-0 на домашен терен славеше победа против Валјадолид во првиот денешен натпревар од петтото коло во Ла лига.

Без голови на мечот се играше цели 77 минута, по што во една наизглед безопасна ситуација, арбитарот покажа на белата точка во корист на „жолтата подморница“. Сигурен реализатор за водство од 1-0 беше искусниот Санти Казорла.

Гостите се обидоа да извлечат реми на натпреварот, но сите надежи им ги урна Онтиверос во 89 минута за конечни 2-0.

Со новите 3 бода Вилјареал моментно е трет на табелата во пресрет на останатите натпревари од ова коло. Валјадолид пак моментно е 12-ти со само 5 бода.

Scroll to Top