Top Sport

„Лисиците“ ги изедоа „петлите“ со пресврт во второ полувреме (видео)

Тотенхем водеше со 1-0 против Лестер нагости по првото полувреме. Кејн донесе водство со гол од рубриката „верувале или не“, во пад го совлада Шмајхел.

Избраниците на Покетино имаа и од водство од 0-2 во 64 минута, погоди Орие, но голот беше поништен по ВАР асистенција, во офсајд се најде Сон.

И покрај доминацијата, сепак Тотенхем со празни раце си замина од гостувањео кај Лестер, со пораз од 2-1, со пресврт во вториот дел.

„Лисиците“ дојдоа до израмнување во 69 минута, стрелец Рикардо Переира.

Победоносниот гол на „Кинг Пауер“ за големо славје на трибините беше дело на Медисон во 85 минута со прекрасен удар од над 20 метри, во долниот десен агол од голот на Лорис.

Екипата на Тотенхем 8 натпревари во низа нема победа на гости во Премиерлигата, а Лестер со новата победа моментно е втор во ПЛ со 11 бода од 6 натпревари.

Scroll to Top