Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ е главниот конкурент на Столе Димитриевски за трансфер во Вилјареал. Шпанскиот прволигаш бара замена за аргентинскиот чувар на мрежата Херонимо Рули, кој на стартот на овој зимски преоден рок се пресели во Ајакс.
Токму Столе Димитриевски и Доминик Ливаковиќ се проценети како најсериозни кандидати да го наследат Рули на голот на Вилјареал.
Ливаковиќ претходно беше поврзуван со Баерн и со Ајакс. На 28-годишниот голман му останува уште една и пол година од договорот со Динамо, а хрватскиот шампион би го продал за околу 15 милиони евра.
Столе Димитриевски е нешто поевтин, Рајо Ваљекано за него бара отштета од 8 милиони евра.