Top Sport

Вилјареал ја „потопи“ Валенсија со контроверзен гол (видео)

Вилјареал не дозволи Валенсија да го задржи темпото со Барселона, откако на „Местаља“ стигна до минимална победа од 0:1 со контроверзниот гол на Карлос Бака.

Дербито на покраината Валенсија беше одлучено во 27. минута, кога Колумбиецот Бака доби топка од Тригуерос додека беше во офсајд, а контроверзната ситуација не можеше да се провери, бидејќи во Шпанија не се користи видео-помошта за судиите (ВАР).

Ако тоа не беше доволно да се налутат домаќините, судијата неколку минути подоцна не досуди пенал и покрај играта на рака на Тригуерос.

Со поразот, Валенсија останува на третото место во Ла лига со 34 поени, 11 помалку од лидерите Барселона и два помалку од Атлетико Мадрид на второто место. Вилјареал се на шестото место со 27 поени.

Scroll to Top