Top Sport

Рамос: Можеби треба да одам во затвор, заедно со Пуџдемон! (видео)

Серхио Рамос, рекордерот по бројот на црвени картони во Ла лига, ризикуваше да добие уште еден во саботата, кога се обиде да го удри Луис Суарез.

Судијата реши да му даде жолт картон, по што капитенот на Реал Мадрид саркастично искоментира дека луѓето во Каталонија веруваат дека тој требал да биде исфрлен, или да му биде направено нешто повеќе.

„Во Барселона ќе кажат дека треба да одам во затвор. Заедно со Карлес Пуџдемон“, изјави Рамос, посочувајќи кон каталонскиот премиер, кој се наоѓа во егзил во Белгија откако шпанските власти ја суспендираа независноста на Каталонија по референдумот.

Сепак, Рамос, вели дека 0:3 поразот од Барселона не е крај на светот.

„Поразот во Класико е неуспех? Океј, но тогаш треба да се погледнат сите бројки во 2017 година. Овојпат не беше судено“, додава Рамос.

Scroll to Top