Top Sport

Вилјареал по 50 дена го вратија стариот тренер

Фудбалскиот клуб Вилјареал пред 50 ден му врачи отказ на Хави Калјеха, а во средата повторно го именуваше овој тренер за шеф на стручниот штаб. Калјеха 13 години од својата кариера како играч и тренер на младинските категории и првиот тим ги минал во Вилјареал.

Хави Калјеха доби отказ во ноември 2018 година, кога клубот го постави на неговото место Луис Гарсија Плаза.

Плаза не се прослави на функцијата, туку под негово водство тимот само ја продлабочи кризата.

На девет натпревари, во сите конкуренции, Плаза со Вилјареал забележа само една победа, против Спартак Москва во Лига Европа.

Вилјареал по 21 натпревар во Ла Лига се наоѓа на претпоследното место на табелата со 18 освоени бода.

Scroll to Top