Top Sport

Нелоски пред потпис на договор со Железничар од Ниш

Мартин Нелоски (22), голема надеж на македонскиот ракомет, чија досегашна кариера ја уништија повредите, се наоѓа пред потпис на договор со Железничар од Ниш, чии тренер е Веселин Вујовиќ.

Последниот ангажман Нелоски го имаше во германскиот второлигаш Кобург. Нема клуб откако минатата сезона му истече договорот. 200 сантиметри високиот лев бек е еден од најталентираните играчи на својата генерација, беше дел од македонската репрезентација на Светското првенство во 2017 година, меѓутоа честите повреди на коленото, го спречија на вистински начин да ја развива својата кариера.

Можност да се врати на вистинските патеки веројатно ќе ја има во Железничар кај Вујовиќ. Нелоски веќе една недела тренирал со клубот.

„Марко Нелоски има мали проблеми со десното колено, ќе видиме како ќе се развива целата ситуација, дали ќе го ангажираме веднаш или ќе почекаме“, изјавил Вујовиќ за „Балкан-хендбол“.

Железничар, за вториот дел од сезоната, го ангажираше поранешниот голман на Металург, Мирислав Коциќ. Покрај голманот тимот на Вујовиќ потпишал договори со Словенецот Јан Горела, Хрватот Анте Бабиќ и Црногорецот Немања Матовиќ.

Scroll to Top