Top Sport

Виљареал противник на Динамо во четврт-финалето

Динамо Загреб по сензационалната елиминација на Тотенхем во осмина-финалето, го дозна противникот во наредната фаза. Тимот чии дрес го носат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, во четврт-финалето ќе игра против шпанскиот претставник Виљареал.

Доколку Динамо успее да го мине Виљареал, во полу-финалето ќе игра против победникот од четврт-финалниот дуел помеѓу Арсенал и Славија Прага.

Дербито во оваа фаза е дуелот Ајакс-Рома, додека англиските тимови Манчестер јунајтед и Арсенал се фаворити против Гранада, односно Славија Прага.

Четврт-финални двојки во Лига Европа:

Гранада-Манчестер јунајтед
Арсенал-Славија Прага
Ајакс-Рома
Динамо Загреб-Виљареал

Полу-финални двојки во Лига Европа:

Гранада/Манчестер јунајтед- Ајакс/Рома
Динамо Загреб/Виљареал- Арсенал/Славија Прага

Првите натпревари ќе се одиграат на 8.април, а реваншите се една недела подоцна. Кога станува збор за полу-финалните натпревари, термините се 29.април и 6.мај.

Финалниот натпревар ќе се одигра во Гдањск на 26.мај.

Scroll to Top