Екипата на Вилјареал со убедливи 4-0 славеше во последниот сезонски меч против Еибар и на најубав начин го визираше патот во Лига Европа.
Иако првото полувреме заврши 0-0, сепак во вториот дел „жолтата подморница“ заигра препознатливо, па со четири гола го заврши последниот сезонски меч.
Андре Франк погоди за 1-0 во 72 минута, а со двата гола на Морено во 86 и 89 минута противникот беше комплетно надигран. Точка на триумфот стави Гомез во 94 минута.
Мечот беше последен во жолтиот дрес за двајца легендарни фудбалери, Санти Казорла и Бруно Сориано.
Казорла најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Катар, додека Соријано ја завршува кариерата.
Во натпревар без особено резултатско значење, Ваљадолид со 2-0 славеше во дуелот со Бетис.