Top Sport

Вилшир изненади со изборот: Казорла е најдобриот со кого сум играл

Џек Вилшир вели дека во својата 10-годишна кариера како фудбалер на Арсенал негов најдобар соиграч бил Санти Казорла и покрај тоа што играше со фудбалери како Тјери Анри, Робин ван Перси, Месут Озил, Алексис Санчез и Цеск Фабрегас, на пример.

29-годишниот Вилшир, кој си замина од Арсенал во 2018, но оваа година повторно тренираше со „топчиите“ во обид да најде нов договор, вели дека техничката брилијантност на Казорла била неверојатна.

„Тој можеше да игра со двете нозе, беше низок и само трчаше меѓу фудбалерите. Беше вистинско задоволство да се гледа како тој игра“, вели Вилшир.

Неговио поранешен менаџер, Арсен Венгер, уште во 2013 година изјави дека 37-годишниот ветеран (кој уште активно игра во Катар), е еден од најпотценетите фудбалери во Премиерлигата.

„Навистина беше сурово што не беше избран во тимот од сезоната. Ако се погледе неговиот квалитет, неговата работа, тој е еден исклучителен фудбалер“, изјави уште тогаш Венгер.

Scroll to Top