Top Sport

Еклстоун: Хамилтон ќе се повлече, иднината му е во модата

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун смета дека деновите на Луис Хамилтон во Ф1 се одбројани поради разочарувањето од губењето на битката со Макс Ферстапен, и дека следен негов чекор ќе биде во светот на модата.

Хамилтон ја загуби титулата во последниот круг во последната трка од сезоната во Абу Даби, и оттогаш нема дадено интервју, зголемувајќи ги шпекулациите дека размислува за повлекување, иако британските медиуми тврдеа дека веќе му соопштил на тимот дека сака да продолжи.

91-годишниот Еклстоун вели дека по разговорот со таткото на Хамилтон, Ентони, е сигурен дека седумкратниот шампион нема да биде на стартот кога ќе стартува новата сезона во март во Бахреин.

„Не верувам дека ќе се врати, нема да се трка следната година. Неговото разочарување во Абу Даби беше големо и го разбирам тоа. Сега, израмнет со седум титули со Михаел Шумахер, совршено време е да го оствари вториот сон и да стане бизнисмен во светот на модата. Пред неколку дена зборуваљв со неговиот татко, и сфатив дека не сака да зборува за иднината на неговиот син, така што зборувавме само за бизнис. Нема што да добие во 2022 и може само да загуби“, вели Еклстоун за швајцарскиот „Блик“.

Scroll to Top