Светското првенство на секои две години нема да ја згасне „магијата“ на турнирот, смета првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино. Претседателот на ФИФА, во Израел, бил еден од гостите кои присуствувале на десеттата годишна конференција на Ерусалим Пост.
Настапот на Инфантино покажува дека ФИФА нема намера да се откаже од идеата, која наиде на многу критики во фудбалскиот свет. Планот на главниот човек задолжен за развој на фудбалот, Арсен Венгер и Инфантино е светските првенства наместо на секои четири, да се одржуваат на секои две години.
„Угледот и големината на некој настан зависи од неговиот квалитет. Секоја година го имате Супербоул, Вимблдон или финалето во Лигата на шампионите. Овие настани сите ги чекаат со голема возбуда…“, рекол Инфантино.