Top Sport

Вината за слабото СП за Египет е во рамазанските пости?

Претседателот на Египетската фудбалска асоцијација (ЕФА), Хани Або Риба вели дека постењето пред Светското првенство во Русија влијаело негативно на „фараоните“ на Мундијалот.

Египет со Мохамед Салах во тимот имаше огромни очекувања од СП, но на крајот ги загуби трите меча против Уругвај, Русија и Саудиска Арабија, откако тимот одлучи да ги испочитува рамазанските пости кои завршија пред првиот натпревар на Египет.

„Тоа влијаеше многу лошо на нас. Зборував со фудбалерите пред Светското првенство, но тие одбија да го прекинат постот. Можам да ви потврдам со сигурност дека многу арапски земји решија постот на нивните фудбалери да биде прекинат пред Мундијалот“, вели Або Риба.

Тој потврди дека ЕФА бара нов тренер по отпуштањето на Ектор Купер, но дека не се обидуваат да го добијат тренерот на Мароко, Французинот Ерв Ренар.

„Знам дека Ренар има договор со Мароканците, така што нема да зборуваме со него. Ако тој го прекине договорот, тогаш нема да има проблем“, додава Або Риба.

Фото: ЕПА

Scroll to Top