Реал Мадрид се врати на првото место во шпанската Ла лига, откако направи камбек за 4:1 победа над Мајорка на „Сантијаго Бернабеу“ за петта победа во првите пет кола во новата лига, со што е на два поени пред лутиот ривал Барселона.
Поранешниот фудбалер на Лацио, Ведат Муриќи ги шокираше домашните навивачи во 35. минута од мечот, но Феде Валверде успеа да израмни за „кралевите“ во финишот на првото полувреме. Херој на домаќините беше Винисиус Жуниор, откако Бразилецот стрелаше во 73. минута за да постигне гол во петти натпревар едноподруго оваа сезона. Родриго во 89. минута зголеми на 3:1, пред Антонио Ридигер да го постигне својот прв гол за „кралевите“ во 93. минута за точка на натпреварот.
Реал има 5-0-0 скор во новата сезона и 15 поени, пред Барселона на второто место со 13 поени. Мајорка се на 13. место со 5 освоени поени по пет кола.