Top Sport

Вини ги одбил ПСЖ и покрај тоа што му нуделе 12 пати повисока плата!

Винисиус Жуниор, наводно, одбил понуда од францускиот гигант Пари Сен-Жермен која би го направила еден од најплатените фудбалери на светот, со плата која била 12 пати поголема од таа што ја зема во Реал Мадрид.

21-годишниот Вини, кој го постигна единствениот гол во финалето на ЛШ против Ливерпул минатиот месец, неодамна потврди дека ќе потпише нов договор со „кралевите“.

„Ќе продолжам со најголемиот клуб на светот. Ова е само почеток, имаме уште многу работи кои заедно треба да ги освоиме“, изјави Бразилецот.

Според шпанските медиуми, Винисиус ќе потпише петгодишен договор со Реал, со кој ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона, или 200.000 евра неделно. Претходно, тој беше еден од најслабоплатените фудбалери на Реал со 3.2 милиони евра по сезона, слично како Андриј Лунин, Хесус Валехо и Дани Себалјос. Според „Марка“, ПСЖ му понудиле неделна плата од фантастични 770.000 евра неделно, или 40 милиони евра по сезона, или 12 пати повеќе од неговиот сегашен договор.

Scroll to Top