Top Sport

Вини ќе сведочи во Валенсија во случајот за расистичките навреди

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ќе сведочи преку видео-линк пред судот во Валенсија, каде што тројца навивачи на Валенсија се обвинети за расистички навреди кон него во контроверзниот меч на „Месталја“.

Тројцата навивачи, на возраст од 18 до 21 година година, беа уапсени оваа недела, а денеска судот во Валенсија го почна случајот. Како жртва, Винисиус ќе биде повикан да сведочи, исто како и обвинетите.

Последниот случај со Вини повторно ја стартуваше дискусијата за расизмот во шпанскиот фудбал со повеќе повици за драстични промени во лигата. Во исто време, денеска, претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас се сретна со бразилскиот амбасадор во Шпанија, Орландо Леите Рибеиро.

Шпанската фудбалска федерција (РФЕФ), пак, првично најави делумно затворање на јужната трибина на „Месталја“ на пет меча, за денеска казната а биде намалена на три меча.

Scroll to Top