Top Sport

Винисиус: Анчелоти е најдобриот тренер што сум го имал во кариерата

Напаѓачот Винисиус Жуниор призна дека Карло Анчелоти е неговиот омилен тренер, иако Италијанецот го напушти Реал Мадрид пред пет месеци. Сега тие повторно соработуваат заедно во националниот тим на Бразил.

25-годишниот крилен играч има 201 натпревар под водство на Анчелоти – двојно повеќе отколку со Зидан. За Кралевите постигна 90 гола и 68 асистенции, а за Селесао во три натпревари со Анчелоти има два гола и една асистенција. Гол и асистенција забележа во победата над Јужна Кореја (5-0).

„Тој е најдобриот тренер што сум го имал, ми даде најмногу самодоверба и отсекогаш играв најдобро под негово водство“, изјави Винисиус.

Бразилците сега се подготвуваат за Светското првенство во 2026 година.

„Треба брзо да се подготвиме. Мораме да се браниме добро и да притискаме за победа на секој натпревар“, додаде тој.

Бразил сега ќе игра со Јапонија во Токио, во вториот пријателски натпревар пред Светското првенство.

 

Scroll to Top