Претставниците на Реал Мадрид и менаџерите на Винисиус Жуниор ги продолжиле преговорите околу новиот договор, објавија шпанските медиуми.
„АС“, објави дека разликата меѓу двете страни во однос на парите е 15 проценти, и се чини дека Реал не е подготвен за компромис, иако сите сакаат Винисиус да остане во клубот.
Вчера, пред претпладневниот тренинг, Винисиус во тренинг центарот на клубот се појавил во друштво на менаџерите, Тата Соарес и Франциско Пења поминале два часа во канцеларијата на челниците на Реал, објави „Ел Чирингито“.
„Марка“, тврди дека биле на состанок со генералниот менаџер на Реал, Хозе Анхел Санчез, вообичаениот преговарач. Весникот објави дека понудата на Реал не е променета и сè уште е актуелна.
Винисиус не е задоволен од почетокот на соработката со тренерот Чаби Алонсо, бидејќи започна три натпревари на клупата, но е свесен дека мора да ги подобри своите перформанси.
Неговиот договор истекува во 2027 година, па клубот сака што поскоро да ги заврши преговорите.
Шпанските медиуми. претходно тврдеа дека двете страни се договориле на почетокот на пролетта, откако клубови од Саудиска Арабија изразија интерес за бразилскиот фудбалер.
Сепак, во јуни, медиумите објавија дека фудбалерот бара поголема плата, што би го изедначило со Килијан Мбапе како најплатен играч во клубот. Потоа беше објавено дека преговорите се одложени до крајот на оваа сезона, кога на Винисиус ќе му остане уште една година од договорот.
Фото/ Принтскрин