Top Sport

Винисиус: Никој нема да ми каже како да се однесувам

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор имаше што да каже откако ФИФА го прогласи за најдобар играч на светот.

Ова признание му ја врати насмевка на лицето по фрустрацијата што ја доживеа откако „Франс Фудбал“ престижната Златна топка му ја додели на Родри, а Бразиецот беше втор.

Бразилецот овојпат ја победи конкуренцијата и дури успеа лично да го прими трофејот во Катар, за разлика од некои лауреати кои отсуствуваа на церемонијата од оправдани причини.

„Денес му пишувам на момчето кое гледаше како големи играчи како го добиваат овој трофеј… Дојде неговото бреме. Поточно, дојде моето време. Се борев напорно за ова“, изјави Винисиус.

Тој имаше порака до критичарите.

„Се обидоа да ме девалвираат, да ме понижат. Но, тие не се подготвени за мене. Никој нема да ми каже за кого треба да се борам и како да се однесувам. Кога бев во Сао Гонсало (фавела во Рио), системот не грижеше. Речиси ме „изедоа“. за мене. Победив за себе, за своето семејство, со голема поддрша цело ова време: Фламенго, Реал Мадрид, репрезентацијата на Бразил, стотици мои соиграчи низ годините… Луѓето кои беа со мене секој ден, оние кои ме обожаваат…“

На крај остави порака.

“Најдобриот фудбалер на светот. Број седум.”

Scroll to Top