Top Sport

Винисиус: Противниците ме тепаат, а јас добивам жолти картони

„Престани да плачеш“, гласеше транспарентот кој навивачите на Манчестер сити го истакнаа пред почетокот на натпреварот со Реал, со кој му посакаа добредојде на Винисиус Жуниор.

Причина за транспарентт е изборот за Златната топка, која му припадна на Родри, а Реал во знак на протест што не таа не му припадна на Винисиус ја бојкотираше церемонијата на доделувањето.

Бразилецот, во победата на Реал 3:2, забележа две асистенции и беше прогласен за играч на натпреварот.

„Го видов тој транспарент, но сè што прават противничките навивачи ми дава само сила да одиграм одличен натпревар како што одиграв овде“, рече Бразилецот и откри како се псравува со провокациите од противничките навивачи и фудбалери.

„Понекогаш е комплицирано. Судиите не ги штитат играчите кои ги „тепаат“ на теренот. Мене ме тапаат, а јас добивам жолти картони. Моите соиграчи се обидуваат да ми помогнат да останам фокусиран, а исто така и тренерите. Јас не сум светец, но сакам да победувам како што знам и умеам“.

Scroll to Top