Top Sport

Винисиус: Реал или Барса, имав три дена да одлучам

Реал Мадрид во 2018 година го реализираа трансферот на Винисиус Жуниор од Фламенго за 46 милиони евра. Младиот Бразилец сезонава е еден од главните играчи во тимот на Зинедин Зидан.

За трансферот на Винисиус пред две години покрај Реал сериозно биле заинтересирани и луѓето од Барселона. За шпанските медиуми Бразилецот раскажал зошто решил да ја прифати понудата од Реал.

„Го освоивме првенството на Јужна Америка за играчи до 17 години. Јас одиграв одличен турнир. Веднаш се јавија претставници на Реал и Барса. Имав три дена да донесам одлука. Секогаш сум навивал за Реал и тој клуб ја имаше почетната предност. Моите родители ги постија двата клуба, повеќе им се допадна Реал. Нивната одлука се поклопи со моите желби, бидејќи знаев дека проектот на Реал е подобар за мене. Клучно беше што знаев дека бидејќи сум млад ќе добијам многу шанси да се наметнам, а имаа и неверојатна серија во Лигата на шампионите“, рекол Винисиус Жуниор.

Scroll to Top