Top Sport

Винисиус со два гола и „Каби Ламе прослава“ за Реал Мадрид

Винисиус Жуниор го постигна својот шести и седми гол во 11 меча во шпанската Ла лига, за да ги преводи Реал Мадрид до 2:1 победа на гости кај Елче за враќање на првото место на табелата пред некомплетното 11. коло.

Фантастичниот Вини, кој претходните две сезони на „Бернабеу“ имаше постигнато само 6 гола, во 22. минута упати прецизен удар по уште поубавата акција на „кралевите“, по што прослави како славниот италијански комичар Каби Ламе, кој веднаш одговори со имитација на имитацијата на социјалните мрежи.

Гути доби втор жолт картон за Елче во 63. минута, по што Винисиус ја заврши работата за тимот на Карло Анчелоти во 73. минута со втор гол. Пере Милја во 86. минута постигна утешителен гол за домаќините.

Реал сега се вратија на првото место со 24 поени, колку што имаат и второпласираните Реал Сосиедад. Елче се на 15. место на табелата со 10 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top