Top Sport

Винисиус тајно преговара со Манчестер сити

Пред две години, Винисиус беше најголема ѕвезда, можеби дури и статусен симбол на Реал Мадрид. Но, многу работи се променија во нивниот однос. Односот е нарушен толку многу што се повеќе се зборува за разделба.

Сè започна со изборот за Златна топка, Бразилецот не ја доби престиѓната награда и покрај тоа што го сметаа за наголем фаворит. Потоа новодојдениот Килијан Мбапе се профилираше како прва ѕвезда на тимот.

Винисиус зад себе има солидна сезона, скромна за неговите стандарди. Лут е најмногу што смета дека Реал не му помогнал доволно за да ја освои Златната топка.

Сето тоа изгледа влијаеше врз Бразилецот да почне да размислува за заминување.

Имаше приказна дека најголемиот договор во историјата на фудбалот се подготвува за него во Саудиска Арабија. Но, тој сè уште сака да игра во Европа и тоа во најсилната лига во светот.

Одредени медиуми под кодот ексклузивно ја пренесуваат информацијата дека претставниците на Бразилецот тајно се сретнале со претставниците на Манчестер сити.

Сепак, Бразилецот не сака да брза ќе го чека расплетот во процесот од 115 тужби со кои се соочуваат „Граѓаните“.

Ситуацијата ја следат градските ривали на Јунајтед, Ливерпул, како и лондонските гиганти Арсенал и Челзи.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top