Младиот Бразилец Винисиус Жуниор предизвикал инцидент во саботата по натпреварот во Ла Лига помеѓу Хетафе и Реал Мадрид (0:3).
Секогаш добро информираниот новинар Едуардо Инда објави дека крилниот напаѓач одбил да тренира по натпреварот со Хетафе, со играчите кои не играле на „Алфонсо Перез“ стадионот.
Винисиус против Хетафе одигра 15 минути.
„За него се говори во соблекувалната. Ги налути луѓето во Реал кога одби да тренира со оние кои не настапија притив Хтафе. Успеал да го изнервира дури и тренерот Зидан“, тврди Инда.
Новинарот открил како изгледал тренингот на младата ѕвезда на Реал.
„Некако го натерале да дојде на тренингот. Меѓутоа тој направил три кратки спринтови и си заминал.“
Винисиус Жуниор сезонава настапил на 16 натпревари, забележал една асистенција и постигнал два гола.