Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, би можел да го напушти клубот, а како главна причина се наведува неговиот нов соиграч – Килијан Мбапе.
Според пишувањата на неколку спортски медиуми, Бразилецот очекува зголемување на платата, со цел да има подобри финансиски услови од Мбапе, кој моментално има највисока плата во клубот. Французинот заработува 30 милиони евра годишно, додека на Винисиус му бил понуден договор со 10 милиони евра помалку.
Се шпекулира дека односот меѓу Винисиус и Мбапе не е најдобар и дека „не кликнале“, што дополнително ја отвора вратата за евентуален трансфер на Бразилецот.
Како потенцијална дестинација сè почесто се споменуваат клубови од Саудиска Арабија, кои наводно нудат огромни суми за да го привлечат 25-годишниот напаѓач. Сепак, со оглед на неговата одлична форма, останува нејасно дали Винисиус би се решил за трансфер во арапскиот свет во овој момент од кариерата.