Top Sport

Виновник за формата на Милан е Мирабели?

Спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели повторно им се извини на фановите на „росонерите“ и посочи дека сите критики треба да одат кај него, а не кај играчите или кај тренерот Џенаро Гатузо.

И покрај тоа што тимот беше однесен на изолациони тренинзи минатата недела, Милан загуби со 0:2 од Аталанта на „Сан Сиро“, за втор незгоден пораз по тој од 3:0 од фенерџијата Верона.

„Веќе се извинивме на фановите минатата недела, и сега мораме да го направиме тоа повторно. Знаевме дека овој проект е долг и напорен, но можеби очекувавме помалку проблеми. Немаме време за разочарувања и за изговори. Доаѓа Интер во Копа Италија и мораме да го одиграме мечот со целосна гордост. Мораме да ги вратиме луѓето на Милан и да ги разубедиме тие кои велат дека овој тим не заслужува да го носи дресот“, изјави Мирабели за „Скај Италија“.

Иако Винченцо Монтела доби отказ за да се подобри формата, ниту под Џенаро Гатузо тоа не е случи.

„Рино е голем човек и голем тренер. Тој живее за Милан и толку се грижи за тимот. Во овие тешки моменти, важно е да се биде маж, да се застане заедно и да се работи да се врати бродот во вистински правец. Ќе ги издржиме критиките. Јас сум виновен за новите засилувања и затоа јас ќе ја носам одговорноста“, вели Мирабели.

Нова агонија во црвено-црно – Аталанта го понижи Милан на „Сан Сиро“ (видео)

Scroll to Top