Top Sport

„Виолетовите“ не запираат – го земаат и „новиот Пирло“

Управата на италијанска Фиорентина ова лето направи бум во Серија А. На „Артемио Франки“ стигнаа Кевин-Принц Боатенг, од Барселона и Французинот Франк Рибери на кого му заврши договорот со Баерн Минхен.

„Виолетовите“ успеаја во Фиренда да го задржат италијанскиот репрезентативец, Киеза, а сега се на пат да го ангажираат „новиот Пирло“, младиот фудбалер на Бреша, Сандро Тонали (19).

Влијателниот италијански новинар, Џанлука ди Марко пишува дека првите луѓе на Фиоренина ги почнале преговорите за играчот од средниот ред на клубот од Тоскана.

Младиот фудбалер беше мета на фудбалските големци во Италија, но за разлика од другите тимови, во Фиорентина можат да му ветат завидна минутажа.

До крајот на преодниот рок во Серија А има уште два дена, па останува да се види дали „виолетовите“ дополнително ќе го засилат ростерот за новата сезона.

Фиорентина е заинтересирана во своите редови да ги доведе и Родриго де Паула од Удинезе и напаѓачот на Флуминенсе, Педро.

Scroll to Top