Актуелниот англиски шампион Ливерпул, по репрезентативната пауза, викендов им се враќа на обврските во Премиер лигата.
Екипата на Арне Слот моментално го зазема осмото место на табелата со шест победи и пет порази, а ќе имаат можност за нов почеток во сабота пред домашната публика на „Енфилд“,против Нотингем Форест.
Сепак, холандскиот стратег се соочува со нови кадровски проблеми. Меѓу отсутните е и засилувањето Флоријан Вирц, кој е повреден.
„Има два мускулни проблеми. Не очекувам Конор Бредли да биде во конкуренција во следните 22 дена. За Флоријан Вирц, закрепнувањето можеби нема да трае толку долго. Џереми Фримпонг исто така е надвор од игра на неодредено време и сигурно нема да биде достапен во наредните недели. Можно е еден или двајца играчи да мора да играат на позиции кои не им се природни“, рече Слот.
Сепак, има добри вести за навивачите – Алисон се врати во тимот по повредата и ќе биде подготвен за дуелот со Нотингем Форест.
