Вирусна инфекција ја покоси репрезентацијата на Холандија. Петмина играчи отпаднаа од сисокот на селекторот Роналд Куман.
На стартот на квалификациите за пласман на ЕУРО 2024, Куман нема да смета на Свен Ботман, Коди Гакпо, Матијс де Лихт, Џои Верман и Барт Вирберген. Тие веќе го напуштија националниот тим и се вратија во своите клубови.
Наместо нив, Коман реши да повика само тројца играчи, а тоа се Рајан Гравенберг, Сел Шерпен и Стефан де Фреј.
На стартот од квалификациите за ЕП, Холанѓаните најпрвин во петок во „Сен Дени“, се среќаваат со светскиот вицешампион Франција, а потоа во понеделник на „Де Кејп“ во Ротердам го чекаат Гибралтар.