Top Sport

Виса започна штрајк, бара Бренфорд да ја прифати понудата од Њукасл

Фудбалерот на Брентфорд, Јоан Виса, е незадоволен бидејќи клубот одбива да го продаде на Њукасл, објави дека нема да тренира ниту да игра додека не се заврши трансферот.

Брентфорд е решен да го задржи Виса, додека Тотенхем, Нотингем Форест и Њукасл покажаа интерес за напаѓачот.

Њукасл е во незавидна ситуација, откако Александар Исак побара трансфер. „Страчките“ се во потрага по засилувања во нападот. Наводно ако Исак замине на неговото место ќе дојде Бенјамин Шешко од Лајпциг. За посилен напад Њукасл го сака и Виса за чии услуги понуди 25 милиони фунти. Проблем е што Брентфорд бара двојно поголема сума.

Виса е многу разочаран бидејќи му било ветено дека ќе може да си замине ова лето, а Њукасл е неговата претпочитана дестинација поради учеството во Лигата на шампионите.

Извор од „Скај Спортс“, сепак, негира дека постои таков договор помеѓу 28-годишникот и Брентфорд.

Главниот тренер на Брентфорд, Кит Ендрус, изјави во саботата дека очекува Виса да се придружи на подготовките во наредните денови.

Напаѓачот има уште една година од договорот, а клубот може да ја активира опцијата за продолжување на договорот за уште 12 месеци.

Визс постигна 18 гола и имаше шест асистенции минатата сезона – само крилниот напаѓач Брајан Ембеумо беше поефикасен од него.

Брентфорд веќе го продаде Ембеумо на Манчестер јунајтед, а клубот го напуштија и неодамнешниот тренер Томас Франк (Тотенхем), капитенот Кристијан Норгард (Арсенал) и голманот Марк Флекен (Баер Леверкузен).

Scroll to Top