Top Sport

Висам Бен Једер и неговиот брат обвинети за силување

Францускиот фудбалски ас Висам Бен Једер и неговиот помал брат се обвинети за сексуално злоставување на две девојки, од кои едната има 19, а другата 20 години. Инцидентот, кој го истражува полицијата, се случи на почетокот на оваа недела на Азурниот брег, во Алпи-Маритам.

Браќата Бен Једер поднеле жалба на обвинението, пренесува францускиот портал “Франс Инфо“.

Според нивните информации, истрага е покрената, но обвинетите сѐ уште не се сослушани.

Висам Бен Једер има 19 настапи за француската репрезентација, постигна три гола, а од 2019 година е напаѓач на Монако каде ја носи и капитенската лента. Тој минатата сезона постигна 19 гола за својот клуб.

Scroll to Top