Top Sport

Висар Муслиу потпиша за Падерборн

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу потпиша двегодишен договор со германскиот второлигаш Падерборн. Во него постои опција и за трета година, доколку двете страни се задоволни од претходната соработка.

Муслиу го напушти Инголштад со кој мораше минатата сезона да игра во третолигашки ранг во Германија и сега повторно ќе биде дел од Втората Бундеслига.

Падерборн минатата сезона ја заврши на шестото место во второлигашката конкуренција во Германија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');