Во најдраматичниот реванш од 1/16 финалето од Лига Европа, Башакшехир по продолженијата успеа да го победи Спортинг Лисабон со 4:1 и да ја елиминира негатива од 1:3 од првиот меч.
Во Истанбул, Башакшехир имаше одличен старт на мечот и на полувреме имаше резултат кој ги води во полувреме – Шкртел погоди во 31. минута, по што Алексиќ со одличен гол од слободен удар во 45. минута зголеми на 2:0.
Но, Спортинг успеа да се врати и во 68. минута преку Вието да намали на 2:1. Башакшехир во судското продолжение успеа да даде гол преку босанскиот напаѓач Един Вишќа, за во продолжението истиот фудбалер од пенал да ги постави конечните 4:1.