Фудбалскиот клуб Порто во наредниот период ќе се соочи со сериозни финансиски проблеми.
„Еуроспорт“ ја анализирал состојбата во овој клуб и констатирал дека „Порто е најзагрозениот великан на европскиот фудбал“, што доволно зборува за финансиската ситуација во клубот.
Порто, доколку под итно нешто не смени во своето работење, ќе дојде на работи на егзистенција.
Порто веќе неколку сезони има негативно салдо. Главни извори на приходи покрај продажбата на фудбалери им се ТВ правата и банкарските кредити.
Исто така се наведува дека Порто до јуни ќе мора да обезбеди 100 милиони евра, во спротивно ќе се соочи со казна на УЕФА поради непочитување на финансискиот ферплеј.
Фудбалскиот клуб Порто низ историјата два пати бил европски првак, во 1987 и 2004 година.