Top Sport

Висок, крупен маж му ги нанел смртните повреди на навивачот на АЕК

Наскоро се очекува грчката полиција да го открие идентитетот на осомничениот за убиството на навивачот на АЕК, кое се случи вечерта на 7.август.

Секојдневно се појавуваат нови видео материјали за тепачката меѓу хулиганите на Динамо и Панатинаикос и навивачите на АЕК, во која загина Михалис Кацурис (29).

Грчките медиуми објавија видео на кое се гледа почетокот на нападот на хрватските хулигани врз навивачите на АЕК во населбата Нова Филаделфија.

Во него се наведува дека „хрватските хулигани дејствувале организирано, вооружени и одлучни како армија, а мажи во црно со качулки марширале како организирана војска, викајќи и пцуејќи додека мафтале со импровизирани оружја како да одат во војна“.

Се очекува ДНК анализите и аудио-визуелните материјали да го откријат убиецот на навивачот на АЕК.

Неофицијалните информации велат дека моментот на смртоносното прободување е снимен на видео, што на истражните органи дополнително ќе им помогне за да го идетификуваат убиецот.

Изјавата на адвокатот Василис Нулезас, кој ги застапува обвинетите хрватски навивачи, го зацврсти тврдењето за постоењето на оваа снимка. Нулезас рече дека има аудио-визуелен материјал на кој се гледа дека Михалис бил смртно избоден од висок, крупен маж.

Scroll to Top